Анчелоти не заборава на своите – ги контактирал Блекбурн кои бараат тренер

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти лично контактирал со англискиот второлигаш Блекбурн за нивното слободно менаџерско место, тврдат британските медиуми, секако, не да лобира тој да ја добие работата, туку да го препорача својот поранешен помошник од Евертон, Данкан Фергусон.

Анчелоти и Фергусон работеа заедно една сезона во Евертон, откако поранешниот шкотски репрезентативец беше привремен тренер на клубот. Според „Сан“, Анчелоти сакал да го понесе Фергусон во Реал Мадрид, но дека Шкотланѓанецот останал верен на својот клуб и затоа остана да работи, прво со Рафа Бенитез, а потоа и со Френк Лампард.

Блекбурн се без менаџер по заминувањето на Тони Моубреј, откако не успеа да ги пласира во плејоф за влез во Премиерлигата.

Би можело да ве интересира

Анчелоти: Многу го почитувам Роналдо, но не сум помислив да го ангажираме

А1он

Анчелоти: Фудбал ќе има порано или подоцна, но сега треба да бидеме одговорни

А1он

Анчелоти сака играчи на Наполи, Реал и Јувентус во Евертон

Анчелоти: Емери има повеќе искуство во ЛЕ од мене

Анчелоти: Покажуваме добри резултати, но тие паѓаат во сенка на совршениот Јувентус

Наум Локоски

Анчелоти двапати беше блиску до враќање во Милано

Наум Локоски