Анчелоти му се закани на Ливерпул

Од:

Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти со нетрпение го чека локалното дерби со Ливерпул. Како што е познато, двата тима ќе се спротивстават едни против други во ФА Купот. Натпреварот е во недела во 17,00 часот на „Енфилд“.

Досега Карло има седум победи и едно реми од 12 натпревари против Ливерпул. Тој излезе против „црвените“ како тренер на Наполи, Милан, Реал Мадрид и Челзи.

– Во Евертон, повеќето луѓе знаат за моите успеси против Ливерпул. Тие се задоволни од тоа и се надеваат дека оваа серија ќе продолжи. Ривалството меѓу Евертон и Ливерпул е исклучително големо, но јас имам добар однос со Јирген Клоп. Секогаш е возбудливо да се игра против нив. Секако дека сум ги победувал, но тие нема да сакаат да изгубат. Знам дека сите во Евертон едвај чекаат да победа над Ливерпул. Ова не е невозможна мисија. Ништо не е невозможно во фудбалот, рече Карло Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Ливерпул нема дилема: Нотингем Форест е еден од претендентите за титулата

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

Фудбалерите на Ливерпул убедливо го победија Вест Хем во 19. коло од Премиер лигата

(ВИДЕО) Агонијата на Гвардиола продолжува, Ливерпул го среди Сити за +11 бода на табелата во ПЛ

А1он