Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се произнесе за можното враќање на напаѓачот Кристијано Роналдо.
На 17 август медиумите објавија дека Анчелоти побарал од управата на клубот да го врати Португалецот.
– Кристијано е легенда на Реал Мадрид и јас многу го сакам и почитувам. Но, никогаш не помислив да го потпишам. Гледаме напред, напиша Анчелоти на Твитер.
Договорот на Роналдо со Јувентус трае до следното лето. Минатата сезона, тој одигра 44 натпревари за клубот од Торино во сите натпреварувања и постигна 36 голови и четири асистенции.