Анчелоти: Мбапе може да стигне до нивото на Роналдо, но летвичката е поставена многу високо

Од:

Комплетирана е елиминациската фаза од Лигата на шампионите, а синоќа место во следна фаза изборија Борусија Дортмунд, Пари Сен Жермен, ПСВ и Реал Мадрид. Најголемо внимание привлече извонредната игра на Килијан Мбапе.

Пеп Гвардиола пред натпреварот изјави дека неговиот Манчестер Сити има еден процент шанса против Реал Мадрид и – беше во право. На полувремето веќе беше 2:0, а Мбапе комплетираше хет-трик во 61. минута, за до крајот на натпреварот Сити да даде само почесен гол преку Гонзалес.

„Ова беше многу важен натпревар и да постигнам три гола на таков натпревар значи дека беше голема вечер за мене, но искрено, повеќе би сакал да зборувам за тимот. Сакаме да играме вакви натпревари и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил“, изјави Мбапе и додаде:

„Секако, секако (дека соиграчите ми помагаат да бидам најдобар стрелец), но јас сум тука да освојувам титули. Веќе бев најдобар стрелец, лани бев најдобар стрелец во Лигата на шампионите, но дали ја освоив? Не, јас не. Ако сум најдобар стрелец – одлично, но сакам да освојувам трофеи, тоа е најважно“.

Мбапе немаше идеален старт во Мадрид, а сега се зборува дека би можел да стигне до 50 гола во сезоната. Моментално е на ниво 27. Од неговата игра беа воодушевени Зинедин Зидан, како и тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

„Тој (Мбапе) има квалитет да го достигне нивото на Кристијано (Роналдо), но мора да работи напорно бидејќи Кристијано ја постави летвичката многу високо. Мбапе штотуку започна во нашиот клуб, мислам дека неговиот квалитет и ентузијазам можат да му помогнат да го достигне нивото на Кристијано, но нема да му биде така лесно. Ќе мора да работи напорно за тоа“, истакнува Анчелоти.

Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите е закажана за петок напладне, а Реал ќе игра или со Атлетико Мадрид или со Баер Леверкузен.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

Анчелоти: Новиот формат на ЛШ не е добар

А1он

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он