Американскиот кошаркар Брус Котон (24) го засили Анадолу ефес, објави денеска на својотата веб-страница клубот од Истанбул.
Котон кој игра на позицијата плејмејкер, во Истанбул доаѓа од НБА клубот Мемфис гризлис.
Котон и Анадолу ефес се согласија за едногодишна соработка. За Американецот ова ќе биде можност да се испроба во Европа, бидејќи претходно настапувал само во НБА (Јута, Феникс и Мемфис) и во Кина.
Пред Котон, Ефес ова лето ги ангажираше Тајлер Ханекет, Дешон Томас, Ален Омиќ и Џабари Браун.