Анадолу Ефес и ЦСКА Москва со гостински победи во 10.коло од Евролигата

Од:

Екипите на Анадолу Ефес и ЦСКА Москва остварија победи во 10.коло од ТОП 16 фазата на кошаркарската Евролига.

Турскиот претставник Анадолу Ефес победи на гостувањето во Берлин кај Алба со 91:86.

И на вториот синоќешен дуел победа забележа гостинската екипа. ЦСКА славеше на теренот на Бросе Баскетс со 78:58.

Три натпревари од оваа рунда се играат денеска: Жалгирис – Реал Мадрид, Олимпијакос – Барселона и Фенербахче Улкер – Макаби.

Двојките за утре се: Химки – Монтепаски Сиена, Бешикташ – Каха Лаборал и Уникаха – Панатинаикос.

Табела Е група: Реал Мадрид 8-1 (победи-порази), Анадолу Ефес 8-2, ЦСКА Москва 7-3, Панатинаикос 6-3, Жалгирис 4-5, Уникаха Малага 4-5, Алба Берлин 1-9 и Бросе Баскетс 0-10.

Табела Ф група: Барселона 8-1 (победи-порази), Монтепаски Сиена 7-2, Олимпијакос 6-3, Химки 5-4, Макаби 4-5, Каха Лаборал 4-5, Фенербахче Улкер 2-7 и Бешикташ 0-9.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он