Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на извидници на Македонија денеска потпишаа меморандум за сорабтока.
Предмет на овој меморандум претставува воспоставување на соработка со цел успешно реализирање на активности кои го поттикнуваат развојот на младите и нудат можности за зајакнување на младите во државата.
Со овој меморандум се нудат можности за развој на младите и стекнување на корисни вештини. Предвидено е зголемување на активизмот на младите кон развој на општеството и сопствена надградба.
Фокус се става и на поттикнување и зајакнување на младите преку заеднички програми и активности, како и на обезбедување здрава и поттикнувачка средина за младите.