АМС му честита на „Металург“ за успехот во Лигата на шампионите

Од:

Агенцијата за млади и спорт упати честитки до ракометниот клуб Металург за остварувањето во Лигата на шампионите, посебно по прикажаната игра на натпреварот против екипата на „Силкеборг“.

– Носителите на успесите, ракометарите на ракометниот клуб Металург, ја заслужуваат честа да бидат оние кои на најмладите генерации спортисти од нашата земја, оние кои на европските и светски спортски борилишта треба да го бранат македонскиот дигнитет, како што тоа го чинат споменатите македонски претставници на споменатиот клуб, да им го пренесат чувството на значајноста и вредноста на спортскиот пиедестал во насока на афирмација на својата земја, што за нив треба да претставува мотив сам по себе, се вели во честитката.

Од АМС упатуваат честитки и до стручниот тим за придонесот што го дава во остварувањето на овој успех.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он