АМС: Конституиран Советот за спорт, заедно градиме Стратегија за развој на спортот

Од:

Во Агенцијата за млади и спорт денес се одржа Конститутивна седница на Советот за спорт, надворешно тело задолжено за креирање на политики во областа на спортот и реализирање на програмски активности.

Советот е составен од седум членови: проф. Александра Војневска – Зикова, проф. Ванчо Димовски, доц. д-р Андријана Зафировска – Мисовска, д-р Страшо Глигоров, проф. Калач Руждија, Примислав Димовски и проф. д-р Милан Наумовски.

За претседател на Советот за спорт е избрана Александра Војневска – Зикова, наша позната атлетичарка и олимпијка.

– Заложбата на Агенцијата за млади и спорт е да вклучи што поголем број на професионалци, искусни спортски работници кои со своите совети и работа можат да придонесат за развој на спортот во Македонија. Вклученоста на жената – спортист е исто така меѓу приоритетите и работиме на поголема застапеност на жените во спортот и менаџирањето со федерациите, соопштија од АМС.

Претседателката на Советот за спорт, Александра Војневска – Зикова се заблагодари за довербата и истакна дека Советот ќе работи тимски, ставајќи акцент на младинските категории и стратегиски пристап кон спортот.

Целта е успешните спортисти, по завршување на својата кариера да останат во спортот, како главни мотиватори и ментори на новите генерации.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“