АМС ќе ги прогласи најуспешните спортисти во Македонија за 2015 година

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) вечер со почеток од 19 часот во Македонскиот народен театар ќе ги прогласи најдобрите македонски спортисти за 2015 година. Номинирани се спортисти, стручни лица, екипи и субјекти во девет категории.

Во прв план од категориите се номинираните за спортист на годината во машка и женска конкуренција, за која конкурираат по петмина спортисти.
Кај мажите, кандидати се: автомобилистот Игор Стефановски – Иџе, пливачот Евгениј Поп-Ацев, каратистот Мартин Несторовски, кик боксерот Димитар Ѓорѓиев и Дејан Недев од традиционалното карате.

Во женска конкуренција, за престижното признание ќе конкурираат: пливачката Анастасија Богдановски, фудбалерката Наташа Андонова, Стефани Тодорова од кик боксот, каратистката Наташа Стефановска и тенисерката Лина Ѓорческа.

Во останатите седум категории номинирани се:

Млад спортист на годината:
Филип Талевски – ракомет
Давид Бабунски – фудбал
Елмедин Сејфулау – борење
Бобан Илиоски – кикбокс
Фери Исиќ – карате.

Млада спортистка на годината:
Сара Ристовска – ракомет
Теа Митрова – кошарка
Берна Шерифоска – џудо
Вероника Костовска – карате
Марија Божиновска – кик бокс.

Најуспешен спортист на лица со инвалидитет:
Андреј Стојановски – пливање
Оливера Наковска-Бикова – стрелаштво
Ванчо Каранфилов – стрелаштво.

Најуспешен селектор:
Ивица Обрван – ракомет
Жарко Ристовски – одбојка
Марјан Соколовски – пливање
Дејан Митровски – кикбокс
Пеце Белистојановски – карате.

Најуспешен машки национален тим:
Ракометна репрезентација
Одбојкарска репрезентација
Фудбалска репрезентација У-21.

Најуспешен женски национален тим:
Ракометна младинска репрезентација
Кошаркарска кадетска репрезентација
Карате – ката тим.

Најуспешна федерација:
Ракометна федерација на Македонија
Карате федерација на Македонија
Македонска кошаркарска федерација
Кикбокс федерација на Македонија
Одбојкарска федерација на Македонија.

Најдобрите ќе добијат позлатена статуетка – силуета на спортист во движење.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето