Американски сообраќајни полицајци за лондонската Олимпијада

Од:

Припадници на безбедносната единица на американската сообраќајна полиција ќе бидат стационирани на главниот лондонски аеродром „Хитроу“ и на уште неколку други аеродроми што ќе се користат за време на Олимпијадата во Лондон, како дел од договорот меѓу британското Министерство за транспорт и службите за безбедност во сообраќајот на САД.

Доаѓањето на Американците како засилување претставува новина и досеега не беше спомената, ниту од британската Влада, ниту од Организацискиот комитет на Олимписките игри, што почнуваат за десет дена.

Американските оперативци ќе допатуваат на една недела пред почетокот на Олимпијадата, а ќе си заминат една седмица по завршувањето на Параолимписките игри.

Тие ќе бидат вккулени во опслужувањето на американските авиони што ќе носат спортисти и гости од САД во Велика Британија и ќе ги враќаат назад преку Атлантикот. Според телевизија Скај, американската сообраќајна полиција „ќе им се најде при рака” и на британските авиокомпании што ќе летаат од и кон САД.

Безбедносни експерти велат дека станува збор за „крајно невообичаена мерка“, додека критичарите сметаат дека ова е уште еден удар врз британските служби за безбедност, Владата и Организацискиот комитет. Американските полицајци, сепак, нема да влегуваат на британска територија на аеродромите, ниту во британските авиони.

Ова откритие доаѓа по скандалот со приватната фирма за безбедност Г4С, која не успеа да го исполни договорот и да обезбеди 13.700 обучени луѓе за обезбедување на Игрите, а тоа го призна на 14 дена пред почетокот на Олимпијадата.

Компанијата Г4С обучуваше 20.000 кандидати, но успеа да подготви само 4.000 лица. На помош на организаторите сега мора да се вклучува армијата, со уште 3.500 војници, како и  полицијата со дополнителни ангажирања на полицајци од внатрешноста на земјата.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?