Атлетичарките на САД го освоија златниот медал во штафета 4×400 метри на Олимписките игри во Лондон.
Американските атлетичарки Кармелита Џетер, Бјанка Најт, Тијана Медисон и Алисон Феликс патеката ја истрчаа за 3:16.87.
Сребрениот медал припадна на штафетата на Русија, која заостана повеќе од 3 секунди зад Американките, а бронзата отиде за Јамајка.
Четврта беше Украина, петта Велика Британиј, а по неа следеа Франција, Нигерија и Чешка.
Американките ја комплетираа доминацијата во штафета на Олимписките игри во Лондон. Претходно беа најдобри и на 4×100 метри.
Во машката конкуренција очекувано на 4×100 метри најдобра беше Јамајка, додека на 4×400 златото го зедоа атлетичарите од Бахамите.