Кошаркарската репрезентација на САД го заврши подготвителниот циклус победувајќи ја Канада со 84-68 во Сиднеј пред 15.000 гледачи.
На последниот подготвителен натпревар за екипата на селекторот Поповиќ, Џејлен Браун со 19 поени ја предводеше оваа сосема нова селекција на САД. Донован Мичел и Кемба Вокер постигнаа по 12 поени, додека Мајлс Тарнер забележа 10 поени и 15 скокови.
Најдобар кај канадската репрезентација беше Кајл Вилтјер, кој воедно со 21 поен беше првиот стрелец на натпреварот, додека Кем Бирч постигна 13 поени за Канада.
Следните натпревари двете репрезентации ќе ги играат на Светското првенство, каде Американците се во група со Чешка, Турција и Јапонија, а Канаѓаните со Литванија, Австралија и Сенегал.