Кошаркарите на САД ја забележаа третата убедлива победа во подготовките за ОИ во Рио, совладувајќи ја Куна со дури 50 поени разлика 107:57.
Натпреварот што се одигра во Оукленд мина во знакот на Кевин Дурант, кој за прв пат настапи пред гледачите во овој град односно симпатизерите на Голден Стејт, чиј дрес популарниот „КД“ ќе го носи од следната сезона во НБА лигата.
Дурант постигна 13 поени пред речиси 20.000-та публика која го дочека со овации.
Инаку најефикасен во победата на Американците беше Демаркус Казанс кој оствари дабл-дабл со 21 поени и 11 скокови, додека Клеј Томсон средбата ја заврши со 15 поени.
Последниот натпревар од подготовките пред стартот на ОИ, кошаркарите на САД ќе го одиграат во Чикаго против Венецуела, која како и Кина ќе биде противник на Американците и на Игрите во Рио во рамките од А групата каде за противници ќе ги имаат репрезентациите на Србија, Франција и Австралија.