Се проценува дека приближно 2 милијарди луѓе од целиот свет го видоа Усаин Болт како ги остава зад себе своите ривали и освојува злато на финалето во 100 метри – но ниту еден од нив во САД, бидејќи телевизиската станица NBC одлучи да не го емитува историски момент во живо.
Болт во Лондон, ја потврди својата титула како најбрз човек на светот. Но, не за прв пат оваа Олимпијада, NBC донесе контроверзната одлука да го одложи емитување на најпопуларниот спортски настан до време во кое тие сметаат премиерното емитување може да донесе поголема гледаност, оставајќи милиони фанови на атлетиката навредени.
Фановите очајни за да го видат 25-годишниот атлетичар, како на патеката жари и пали повторно, четири години по неговата одлична изведба во Пекинг, својот гнев го истурија со пораки на Твитер со користење на hashtag #NBCfails.
“Како од NBC може да бидат толку глупави?“ Напишал Твитер корисник. Друг пак саркастично споделил: ‘Благодариме што NBC за прикажување на Болт како победува на 100 метри во финалето ги одложи женската одбојка и скоковите со коњи.
Но впрочем не го сторивте тоа“. “Би било убаво ако NBC избра да емитува во живо. Ен-Би-Си навистина знае да ја вреднува својата публика”, напишал твитер корисник. Со нов олимписки рекор од 9,63 секунди, Болт ја одбрани својата титула од Пекинг.
Трката беше најавена како “една од најголемите” на олиписките игри во Лондон, а секако беше и една од најочекуваните. Се проценува дека глобално ТВ публиката од две милијарди, го следела 25 годишниот Болт.
Тwitter е преплавен со критики за Ен-Би-Си одложувањето на на настани за подоцна во денот, кога тие можат да бидат прикажани во време кое носи најмногу гледачите и приходите од реклами за мрежата.