Амбасадорот на Унгарија во посета на ФФМ

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски денеска имаше работна средба со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Јожеф Бенце.

На средбата беше разговарано за начинот на кој големиот љубител на фудбалот, Бенце може да помогне во унапредување на односите кои ФФМ ги има со Унгарската фудбалска федерација и за начинот на кој може да се поттикнат, мотивираат и вклучат младите луѓе во едукативните школи и академиите на кои ФФМ посветува посебно внимание, а школите од таков тип се многу развиени во Унгарија.

– За нас е многу корисно да го слушнеме искуството на луѓето кои се поврзани и го сакаат фудбалот, а преку своето дејствување можат да помогнат во неговиот развој, иако професионално се насочени кон други општествени работи. Со д-р Бенце разговаравме за можноста многу повеќе да ги доближиме односите со нивната националната асоцијација, посебно во делот на едукативните школи и фудбалските академии кои се многу развиени во Унгарија, изјави Ѓорѓиоски.

Амбасадорот на Унгарија, познат како голем љубител на спортот истакна дека во рамки на своите можности ќе даде поддршка на проектите на ФФМ кои имаат за цел да го унапредат фудбалот во Македонија.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија