Алкараз сака подвиг што не го направил ниту Ѓоковиќ

Од:

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе се обиде на Вимблдон да го направи она што не му успеа ниту на Новак Ѓоковиќ.

Светскиот играч број еден сака да ги „комбинира“ титулите во Квинс и Вимблдон, нешто што низ историјата успеале да го направат само седум тенисери.

Последен што го направи тоа беше Енди Мареј во 2016 година.

Покрај Британецот, две титули на трева во Лондон врзаа само Џими Конорс, Џон Мекинро, Борис Бекер, Пит Сампрас, Лејтон Хјуит и Рафаел Надал.

Нема да му биде лесно, бидејќи Ѓоковиќ е во одлична форма, сезонава веќе освои два Грен слемови и сигурно размислува за календарскиот.

На Вимблдон нема пораз 28 меча, а на Централниот терен дури 10 години.

Исто така, ниту Карлос не е физички најподготвен, го мачи десната надколеница поради што веќе откажа еден меч на егзибицијата во Хурлингем.

Турнирот е закажан од 3 до 16 јули.

Би можело да ве интересира

Не сум на нивото на Новак, уште треба да учам-Алкараз пред новинарите

Алкараз го победи Медведев и доби виза за спектаклот со Новак

АТП го прогласи Алкараз за победник уште пред да почне мечот со Зверев

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски

Шелтон смета дека Федерер е најдобриот на сите времиња

Предраг Петровиќ

Конорс го предупреди Алкараз за неговите коментари за Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ