Алкараз: „Би го направил тоа доколку освојам злато“

Од:

Карлос Алкараз планира брзо да го заборави горчливиот пораз во финалето на олимпискиот турнир.

Шпанецот беше поразен од Новак Ѓоковиќ во два тај-брејка, 7:6 (3), 7:6 (2), но веќе оваа недела сака да се врати на победничките патеки.

Заедно со Јаник Синер ќе биде ѕвезда на Мастерсот во Синсинати каде е втор носител.

По пристигнувањето во Охајо, Шпанецот беше запрашан дали е подготвен да направи нова тетоважа, во знак на освоеното сребро на Олимписките игри.

На тоа краток и подготвен одговор имаше тенисерот од Мурсија.

“Не, затоа што не го освоив златото! Да успеев да го освојам, ќе се истетовирав. Медалот сега е дома. Во мојата дневна соба е покрај трофеите од Вимблдон и Ролан Гарос. “, одговори Алкараз.

Инаку, Шпанецот има можност да го престигне Новак Ѓоковиќ на второто место на АТП-листата, откако златниот олимписки медал не игра во Синсинати.

Алкараз во првото коло е слободен, а во второто се среќава со победникот од мечот меѓу шампионот на Монтреал, Алексеј Попирин и искусниот Французин Гаел Монфис.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

Каспер Руд го совлада Алкараз во два сета на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех