Алеш Еспаргаро на големо изненадување стигна до пол позицијата во МотоГП класата за утрешната трка во холандски Асен.
Тој во квалификациите извозе најдобро време (01:33.653 мин), но благодарение на дождот.
Следуваат двајцата членови на Репсол Хонда, Марк Меркез и Дани Педроса, потоа во вториот ред се Андреа Јаноне (Дукати), К. Крачлоу (Дукати) и Б. Смит (Јамаха).
Хорхе Лоренцо се најде на деветтото место, а ланскиот победник Валентино Роси имаше скоро пет секунди задоцнување зад најдобриот и ќе тргне од 12. место.