Агуеро: Играчите се исплашени, имаат семејства

Од:

Sвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро изрази загриженост за евентуално обновување на шампионатот во Англија.

Напаѓачот призна дека постои страв кај играчите.

Екипите во Премиер лигата се надеваат дека ќе продолжат со тренинзи на 11 мај.

– Повеќето играчи се исплашени затоа што имаат семејства, деца, бебиња, родители. Кога ќе се вратиме, замислувам дека ќе биде многу напнато, ќе бидеме многу внимателни. Се надевам дека ќе има вакцина за да се стави крај на сето тоа. Не сум исплашен, но јас сум само со мојата девојка. Не сум контактирал со други луѓе. Тие велат дека некои се заразени, но немаат никакви симптоми и можат да ве заразат. Затоа останувам дома. Можеби ќе се заразите а нема да знаете, вели Аргентинецот.

Агуеро остана во Манчестер за време на изолацијата, додека многу негови соиграчи се вратија во матичните земји.

– Ни беше кажано пред 15 дена дека има датум за обновување на тренинзите и тоа е 4 мај. Сега има нова средба. Ќе биде тешко да се игра Лигата на шампионите во август, рече фудбалерот.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра