Агентот на Лукаку навести за разделба со Манчестер Јунајтед

Од:

Агентот Федерико Пасторело, кој го претставува напаѓачот на Манчестер Јунајтед – Ромелу Лукаку, навести дека неговиот клиент е подготвен да го напушти клубот.

За Белгиецот ова е втора сезона на „Олд Трафорд“ и по крајот ќе има уште три години од договорот.

– Времето ќе покаже, но тој сака да запознае нова култура и нов фудбал”, изјави Пастороло за „Скај Спортс“.

Агентот вели дека Белгиецот се надева дека ќе игра во различни земји восвојата кариера.

– Тој сака да каже на своите деца: „Јас освоив тука, таму и таму, бев многу добар играч во сите првенства на највисоко ниво“. Затоа, ќе видиме, тој е отворен за различни опции за иднината, но во моментов не сме загрижени за оваа тема, бидејќи сезоната е на пресвртница. Тој ја сака Италија. Како дете тој ја следел Серија „А“. Денес сите се сигурни дека Премиер лигата е најдобра во светот, но пред многу години најдобра беше Серија „А“ и младите фудбалери сонуваа да играат таму, додаде агентот на Лукаку.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он