Аериканецот Темс му се приклучи на шампионот МЗТ Скопје

Од:

Најновото странско засилување на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, Американецот Ксавиер Темс, го одработи првиот тренинг со новите клупски колеги, откако претходно денеска ги мина задолжителните лекарски прегледи.

25-годишниот бек-шутер, висок 191 сантиметар неодамна потпиша двегодишен договор со клубот од Аеродром.

Настапот во сино-белиот дрес за Темс ќе биде шанса да покаже дека за него има место на европската кошаркарска сцена, со оглед на тоа што досега зад себе има само неколкумесечно искуство во таборот на шпанска Севиља.

– Тој во саботата дојде од САД, поради што ќе му треба малку време да се аклиматизира во новата средина, но, според прикажаното на првиот тренинг, од него би можело да се очекува солиден придонес во настапот во престижниот Еврокуп и во силната АБА-лига, информираат од МЗТ.

Кошаркарите веќе ја завршија првата фаза од подготовките, која претежно се одвиваше под палката на полскиот стручњак за кондициски тренинзи, Бартек Бибрович, а деновиве тренерот Емил Рајковиќ инсистира на работа со топка и на дуели низ кои ќе се дојде до посакуваната форма.

До почетокот на сезона има уште еден месец, во кој „штрковите“ ќе одиграат неколку контролни средби, од кои веќе се закажани тие со грчки ПАОК и турски Газиантеп (5 и 6 септември во Солун) како и уште две пресметки на турнирот „Мирза Делибашиќ“ во Сараево (16 и 17 септември) на кој ќе учествуваат уште организаторот Босна Роја, Цедевита и Будуќност.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ