Абу Даби: Ѓоковиќ ја одбрани титулата

Од:

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на турнирот во Абу Даби. Тој во финалето го победин Шпанецот Николас Алмагро со 2-1, по сетови 6:7, 6:3, 6:4.

За трофејот Новак ќе биде награден со 250 илјади долари, а на ред е Хопман купот каде што ќе учествува со Ана Ивановиќ. Потоа следува Мелбурн каде ќе се обиде по трет пат во низа да го освои Австралијан Опен.

„Беше возбудливо и „густо“. Му честитам на Николас. И двајцата имавме желба да победиме но и ја забавувавме публиката. Ова е убав турнир, секогаш имам возбудливи мечеви против силни ривали и се надевам дека ќе се видиме и следната година“, изјави Ѓоковиќ.

Во дуелот за трето место во Абу Даби, Давид Ферер го совлада Јанко Типсаревиќ со 7:6, 6:2.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи

ВИДЕО: Илон Маск му изрази поддршка на Ѓоковиќ кој одби интервју по победата

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски