АБА лига: Раднички ја победи Цедевита

Од:

Во регионалната кошаркарска АБА лига се играат натпреварите од 15.коло, а во последниот вчерашен дуел Раднички на домашен терен ја победи Цедевита со 85:77.

Од македонските репрезентативци кои настапија во поразената екипа, Владо Илиевски за 9 минути не постигна ниту еден поен, додека Маркиз Грин за 31.минута постигна 15 поени со што беше втор стрелец и еден од најдобрите во Цедевита.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во ова коло го победи Широки и се наоѓа на делба на четвртото место со Цедевита.

Резултати на досега завршените натпревари од оваа рунда: Широки – МЗТ Скопје 71:72, Крка – Партизан 58:66, Црвена Звезда – Задар 88:79, Сплит – Унион Олимпија 78:70, Цибона – Шолнок 97:71 и Раднички – Цедевита 85:77.

Вечерва играат Будуќност – Игокеа.

Табела: Игокеа 12-2 (победи-порази), Црвена Звезда 10-5, Партизан 10-5, Цедевита 9-6, МЗТ Скопје Аеродром 9-6, Раднички 8-7, Унион Олимпија 8-7, Будуќност 7-7, Цибона 6-9, Задар 6-9, Сплит 6-9, Крка 5-10, Широки 4-11 и Шолнок 4-11.

Следниот натпревар МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра на 5 јануари 2013 година на домашен терен против Будуќност.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он