АБА лига: Будуќност ги зголеми шансите за пласман на „фајнл фор“

Од:

Екипата на Будуќност на гостински терен оствари победа против Задар со 72:60 и значителни си ги зголеми шансите за учество на завршниот „фајнл фор“ турнир во регионалната кошаркарска АБА лига.

На другиот вчерашен дуел од 22.коло Црвена Звезда исто така на гости ја победи Крка со 57:52.

Македоснкиот претставник во ова натпреварување, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, во петокот загуби од лидерот Игокеа со 81:77.

На другите натпреаври постигнати се овие резултати: Цибона – Сплит 81:73, Шолнок – Цедевита 64:59 и Партизан – Унион Олимпија 71:73.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Широки – Раднички.

Табела: Игокеа 17-5 (победи-порази), Црвена Звезда 16-6, Будуќност 14-8, Раднички 13-8, Партизан 13-9, Унион Олимпија 12-10, Цедевита 12-10, МЗТ Скопје Аеродром 11-11, Крка 9-13, Цибона 8-14, Широки 7-14, Задар 7-15, Сплит 7-15 и Шолнок 7-15.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он