8 од 8 за Марк Маркез

Од:

Марк Маркез и понатаму доминира во МотоГП, овојпат беше најбрз на трката за ГН на Холандија што традиционално се вози во Асен.

Поради врнежните на дожд, стартот на 8. трка од шампионатот беше за кратко одложен, а и во текот на целата трка дождот почнуваше и прекинуваше да паѓа.

Но, ниту тоа не му попречи на Маркез, кој со својата Хонда стигна до нова победа и го изедначи рекордот на големиот Џакомо Агостини поствен во 1971 година, кога Италијанецот исто така ја отвори сезоната со осум победи во низа.

Италијанецот Андреа Довизиосо го освои второто место со повеќе од шест секунди заостанување, а трет беше клупскиот колега на Маркез, Дани Педроса.

Со оваа победа Маркез само дополнително ја зголеми предноста во генералниот поредок во однос на Валентино Роси и Педроса, па само прашање на време е кога ќе ја обезбеди втората титула.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска