Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев денеска на стрелиштето „Камник“ свечено ќе го отвори 7-миот Меѓународен отворен турнир во стрелаштво, кој се одржува во организација на Македонската спортска стрелачка федерација.
На турнирот ќе земат учество околу 340 учесници од Германија, Франција, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и од домаќинот, Република Македонија, односно од АРМ, МВР, Судската, Царинската и Шумската полиција.
Учесниците ќе се натпреваруваат во пет дисциплини: Пиштол на 25м, Пушка на 100м, Снајперска ловна пушка на 100м, Снајперска полуавтоматска тактичка пушка на 100м, Снајперска пушка Ф-цласс ТАРГЕТ на 300м и Снајперска пушка F-class OPEN на 300м.