Кошаркарите на Голден Стејт ноќеска ја постигнаа 50.та победа сезонава во НБА лигата. Шампионот оствари триумф на гостувањето кај Атланта со 102:92. Тимот на Голден Стејт по одличниот почеток во третиот период поведе со 70:47, но Атланта направи пресврт и на стартот на последниот период водеше со 80:76.
Сепак шампионот предводен од Стеф Кари, кој постигна 36 поени дојде до победата.
За разлика од Голден Стејт, најдобрата екипа од „Исток“ Кливленд загуби дома од Детроит и ја прекина серијата од пет победи.
Резултати:
Кливленд – Детроит 88:96,
Мајами – Индијана 101:93 (продолжение),
Њујорк – Торонто 95:122,
Атланта – Голден Стејт 92:102,
Милвоки – ЛА Лејкерс 108:101,
Минесота – Бостон 124:122 и
ЛА Клиперс – Феникс 124:84.
Пласман Источна конференција: Кливленд 40-15 (победи-порази), Торонто 37-18, Мајами 32-24, Бостон 33-25, Индијана 30-26, Атланта 31-27, Шарлот 29-26, Чикаго 29-26,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 50-5, Сан Антонио 47-9, Оклахома Сити 40-16, ЛА Клиперс 37-19, Мемфис 32-23, Далас 30-27, Портланд 29-27, Хјустон 28-28,…