Олимписките кругови се поставени денеска на стариот Тауер Бриџ во Лондон, точно на 30 дена пред почнувањето на годинешниве Летни олимписки игри.
Петте големи кругови, во пет различни бои, се дамнешен симбол на олимпиското движење и на олимпизмот, а мостот е еден од главните симболи на британскиот главен град.