Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“

Од:

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид.

Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија.

Во женска конкуренција најбрза беше Греса Бакрачи од Косово, пред Биљана Кираџиева од Србија и Благица Јованова од Македонија.

Во штафетните трки на 21 километар кај мажите победи екипата „Korruners & Atomic“, кај жените триумфираше „Ем-Си Ран“, а во мешана конкуренција најбрза беше „Битола трча“.

Охрид трчаТ 2026

Во трката на пет километри кај мажите победи Григоријан Никовски, а кај жените Матеја Ефремовска, додека во тимска конкуренција најуспешни беа „Ракометна школа Седмерец“ кај мажите и „3 Disciplines“ кај жените.

На јубилејното издание на манифестацијата имаше околу 2.700 учесници од 30 земји.

Би можело да ве интересира

Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км

(ВИДЕО) Маратонецот Дарио Ивановски е сензација на Белградскиот маратон – ја потврди својата доминација на Балканот

А1он

Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“

ВИДЕО: Охрид трчаше за Сара

Наум Локоски