Ердоган бара олимпискиот оган да се пали во Турција

Од:

Ердоган барал олимпискиот оган да се пали во Турција, наместо во Грција Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на средба со претседатлот на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рог, побарал во иднина олимпискиот оган да се пали во Турција, наместо во Грција.

Според телевизијата, која се повикува на изјава на турскиот министер за млади и спорт Суат Калач, во образложенито на својот предлог Ердоган истакнал дека во близина на Анталија исто така има планина Олимп и дека всушност таму треба да биде пален олимпискиот оган.

Ердоган потенцирал и дека ако Истанбул ја добие организацијата на Летните олимписки игри во 2020 година, тоа ќе претствувало враќање на Олимпијадата кон своите корени.

Рог „многу професионално“ реагирал на идејата на Ердоган. Коментирајќи ја ваквата информација, шефот на грчката делегација на Олимпијадата во Лондон, Исидорос Кувелос изјави дека ако таа е точна, тогаш турскиот премиер треба да ја поднаучи историјата.

Традиционално, олимпсикот оган се пали во античката Олимпија, каде се смета дека се одржале првите олимписки игри пред 2800 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он