15. коло од АБА лигата

Од:

Со натпреварите Крка – Партизан и Црвена Ѕвезда – Задар, денеска започнува тридневната програма од 15. коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

Шампионот на Македонија и претставник во ова натпреварување, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, дуелот од ова коло ќе го одигра утре со почеток од 17 часот на гостински терен против претставникот на Босна и Херцеговина, тимот на Широки Брег.

Утре играат и Сплит – Унион Олимпија, Цибона – Шолнок и Раднички – Цедевита.

Колото ќе биде заокружено в понеделник со средбата Будуќност – Игокеа.

Табела: Игокеа 12-2 (победи-порази), Црвена Ѕвезда 9-5, Цедевита 9-5, Партизан 9-5, Унион Олимпија 8-6, МЗТ Скопје Аеродром 8-6, Будуќност 7-7, Раднички 7-7, Задар 6-8, Цибона 5-9, Крка 5-9, Сплит 5-9, Широки 4-10 и Шолнок 4-10.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он