На третиот ден на пливачките натпревари на ЛОИ во Лондон 15-годишната пливачка од Литванија, Рута Меилутите стана олимписка шампионка, откако патеката на 100 метри градно ја исплива – 1:05.47.
Сребрениот медал го освои Американката Ребека Сони, додека третата позиција и пирпадна на Сатоми Сузуки од Јапонија.
Во женска конкуренција на 100 метри грбно злато го освои Американката Миси Френклин, втора на целта стигна Емили Сибом од Австралија, а трета Аја Теракава од Јапонија.
Кај мажите во истата дисциплина триумфираше Американецот Метју Греверс со време на олимписки рекорд 52.16 секунди, пред својот сонародник Ник Томан, а бронзата ја освои Риосуке Ирие од Јапонија.
На 200 метри слободно кај мажите Французинот Јаник Ањел ја потврди добрата форма и по вчерашниот златен медал во штафетата беше најбрз и во денешната трка. Тој патеката ја исплива за 1:43.14 минута, додека со време – 1:44.94 Таехван Парк од Јужна Кореја и Јанг Сун од Кина освоија сребрен медал. Без место на пиедесталот остана Американецот Рајан Лохте, а на третиот ден од пливачките натпревари не беше поставен ниту еден светски рекорд.