На претстојните Олимписки игри во Лондон ќе учествуваат 10.490 спортисти од 203 земји, а за нивните успеси ќе известуваат 20.000 акредитирани новинари.
За време на Игрите во британската престолнина ќе бидат организирани натпревари во 26 олимписки спортови и 39 дисциплини.
Во организацијата на 30-те Игри домаќинот вложи 11,6 милијарди евра, на 18 денови до почетокот на олимпијадата продадени се 11 милиони влезници, организаторот очекува дека за време на Игрите Лондон ќе го посетат два милиони туристи.
Предвидено е за време на Олимпијадата да бидат извршени 5.000 допинг тестови. За Олимпијадата да мине во најдобра ред ангажирани се 70.000 волонтери, додека за безбедноста ќе се грижат 23.500 редари и 7.500 војници.
Олимпискиот факел, на својот пат до Олимпискиот стадион во Стратфорд и отворањето на Игрите ќе мине 12.875 километри.