Зошто Турција борбата ја пресели во Сирија

Од:

Колумна на министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, за „The New York Times“

Разочарувачки е толкувањето на воената акција на Турција во североисточна Сирија како да е напад врз Курдите, заслабување на борбата со остатоците на ИСИС (или таканаречената Исламска држава) и наштетувачка врз кредибилитетот на Америка пред нејзините сојузници. Потребно е да ги отстранам недоразбирањата бидејќи 67-годишното НАТО сојузништво на Турција со САД не е привремена, тактичка или отворена за дискусија.

Турција ја започна операцијата со цел да си ја обезбеди својата национална безбедност, елиминирајки ја опасноста што терористите ја создадоа во пограничините области. Оваа операција, Сиријците кои живеат таму ќе ги спаси од тиранијата на терористичките организации и ќе ја елиминира заканата против територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија. Овие две новини, ќе го олеснат безбедното и доброволното враќање назад на Сиријците кои беа принудени на иселување.

Турција никогаш не прифати коридор под контрола на една терористичка организација долж своите граници. Вклучувајки го и Советот за безбедност при Обединетите нации, на многу наврати предложивме создавање на безбедна зона. Упативме повик до САД за прекин на обезбедувањето на финансиска поддршка на терористите.

Меѓутоа безбедносната бирократија на САД, не успеа да ја прекине врската со групата во скратеници позната како ПЈД/ЈПГ. Дури во време кога Министерот за одбрана и надлежните на САД, го прифатиле јадрото на Сириските демократски Сили ПЈД/ЈПГ како неразделен дел на ПКК во Турција, која е призната како терористичка организација од страна на САД, Европската унија и НАТО.

Нашите американски соговорници изгледаше дека беа убедени дека овие сили треба да бидат извадени надвор од деловите блиски до нашите граници, дури и се согласивме за датумите. Од неодамна, воените разговори во август, резултираа со взаемни заложби за обезбедување на безбедна зона со што ќе се извади ПЈД/ЈПГ. Меѓутоа Соединетите Американски Држави ова не го резултираа, со тоа што кај нас остави силен впечаток дека терористичката група се обидува да добие во време за да уште повеќе ја зајакне својата позиција во Сирија.

ПЈД/ЈПГ пред светот може да врши обид за да се претстави како група која војува против ИСИС, но исто така факт е дека обезбедува и експлозив на ПКК со копање тунели на Турско тло. Нивните приврзаници, ослободените затвореници на ИСИС од затвор ги пренасочи кон Турција. BBC, во ноември 2017 година, направи вест од тајниот договор на Демократските Сили на Сирија, при коалициската операција за ослободување на градот Ракка каде што беше обезбедено бегството на стотици терористи на ИСИС.

Требаше да дејствуваме. Некои изразија загриженост за безбедноста на курдското население во Сирија. Би сакал да повторам и да нагласам дека борбата на Турција не е против Курдите. Нашата борба е против терористите. Презентирањето на состојбата како „Турците против Курдите„ е злонамерно и погрешно. Курдите не се наши непријатели.

Нашата цел е терористичката структура што ПКК и ПЈД/ЈПГ заедно ја спроведуваат, каде ги вооружуваат децата војници во области под нивна контрола, ја потиснуваат опозицијата, ја менуваат демографската структура и присилуваат на задолжителна воена служба.

Курдите, Арапите, Христијаните и другите кои страдаат под заробеништвото на ПЈД/ ЈПГ, откако ќе бидат ослободени ќе бидат во подобра состојба. Светскиот Совет на Асирци Христијани упорно инсистира на оваа точка.

Пред да започнеме со оваа операција, ги презедовме сите чекори за да се минимизира ризикот кон цивилите и за да се спречи хуманитарна криза. Во текот на изминатите неколку години Турција; обезбеди засолнување за голем број бегалци од Североисточна Сирија, вклучувајќи Арапи, Курди и Туркмени.

Поголемиот дел од овие над 300 илјади бегалци Курди, се протерани од своите домови. Ние, во Турција, на овие луѓе им понудивме безбедност, засолниште и егзистенција. Го споделивме лебот и им обезбедивме корист од нашите јавни услуги. Турција е најдарежлива земја во светот кога се работи за хуманитарна помош и земја која ширум светот е домаќин на најголем број на бегалци.

Турција, во последните три години, создаде кредибилен модел. Со операциите спроведени од страна на Турција во Северозападниот дел на Сирија, како 2016-7 година во Цераблус и околината и 2018 година во Африн беше исчистена една широка област од терористи. По овие операции, заедниците кои беа жртви на терористите почнаа да живеат во мир и да имаат корист од редовната управа. 365 Илјади бегалци, се вратени во своите домови во Северозападна Сирија.

Јавните услуги што ги нудиме вклучуваат и училишта за над 230 илјади ученици. Во 6 болници со 55 амбулантни возила, во ослободените области во Северозападна Сирија, вработени се повеќе од 2.000 Сириски и Турски персонал. Изградени се многубројни социјални и спортски установи, вклучувајќи и едно фудбалско игралиште. Работните места беа санирани и се отвори граничен премин за олеснување на трговијата. За овозможување материјална поддршка започнато е земјоделство и сточарство.

Претходните операции на Турција споредете ги со уништувањето на коалицијата во Ракка; тогаш ќе видите колку внимателно ги водиме операциите против борбата со тероризмот. Поучените лекции од овие операции овој пат ќе ни помогнат да направиме уште подобри работи.

ПКК и ПЈД/ЈПГ ја уценува глобалната заедница тврдејќи дека доколку не се они, борбата со ИСИС ќе изгуби сила. Меѓутоа, борбата против овие диви терористи нема да изгуби сила особено доколку нашите сојузници издржат до крај и продолжат да соработуваат со Турција. Ние сме единствената нација што излеговме на воено поле против ИСИС.

Борбата против ИСИС и другите терористички организации ќе продолжи со допринесот и соработката на сите. Некои Европски земји малку беа несклони околу давање на дозвола за враќање на своите државјани кои се приклучиле во оваа организација. Сепак, да се посака решавањето на спорот не може да биде политика. И тие треба да го носат нивниот дел од товарот.

Ние како Турција, веруваме дека го подготвуваме теренот за враќање на бегалците од Сирија во своите домови и обезбедуваме средина со што ИСИС и другите терористички организации нема одново да се појават.

Свесен сум дека безбедното и доброволното враќање на Сириските бегалци мора внимателно да се испланира и управува. Овој процес треба да се одвива во согласност со меѓународното право и во соработка со релевантните агенции при Обединетите Нации. Во Сирија има многу етнички структури и додека се реши спорот со Сириската криза, потребно е формирање на локални собранија кои се спроведливи и се засноваат на претставници.

По нашата последна антитерористичка операција, во деловите каде курдите се мнозинство, Турција го забрза создавањето на локални собранија со мнозинство на курдите со цел да го рефлектира населението.

Сиријците веќе сакаат да си одат дома. Тие претрпеа премногу болка. Превземаме иницијатива да помогнеме за создавање на мирни услови неопходни за враќање на бегалците во своите домови.

Наспроти погрешните перцепирања кои преовладуваат, нашата акција ќе помогне за наслонување кон човечката димензија на проблемот, зачувување на интегритетот на земјата и придонесе во политичкиот процес.

Мевљут Чавушоглу

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел