ВИДЕО: Зоран Марјановиќ осуден на 40 години затвор за убиството на српската пејачка Јелена Марјановиќ

Од:

Зоран Марјановиќ, кој беше обвинет за убиство на неговата сопруга, српската пејачка Јелена Марјановиќ, денеска е прогласен за виновен.

Според медиумите во Белград, тој е осуден на 40 години затвор, а веднаш му е одреден притвор.

„Обвинителството докажа дека обвинетиот Зоран Марјановиќ во моментот на извршување на делото постапил во разумна состојба и дека делото го сторил со директна умисла, бидејќи бил свесен што прави кога на оштетената и задал осум рани по главата, со осум удари со метален предмет, што во моментот на нанесувањето во целост претставувало безусловна смртоносна повреда, што и сакал“, се вели во соопштението што претходно го објави обвинителството.

На почетокот на судењето во ноември 2019 година, Марјановиќ детално ја презентираше својата одбрана, негирајќи дека ја убил сопругата, но одби да одговори на прашањата на обвинителството.

Обвинителството го обвини дека на 2 април 2016 година ја убил сопругата Јелена на насипот во Борча, додека нивната малолетна ќерка, која тоа попладне дошла со нив на насипот Црвенка, била во непосредна близина на местото на злосторството.

Судот му го врати целосното старателство над детето на Марјановиќ, кое му беше одземено по смртта на сопругата.

Тој од 12 јуни 2018 година се бранеше од слобода, откако Апелациониот суд му го укина притворот во кој беше задржан 10 месеци. Тој беше уапсен на 15 септември 2017 година, година и пол по убиството.

И пред тоа беше приведен, но откако беше сослушан во полиција и на полиграф, поради недостиг на докази беше пуштен на слобода.

Пред апсењето тој во неколку наврати во медиумите зборуваше за убиството, а учествуваше и во телевизиско реално шоу, пишуваат српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда