Злосторство во Нови Сад – син ја уби мајка си со нож

Од:

Телото на жената А.Р.(47) е пронајдено во стан во Нови Сад, со видливи повреди нанесени од остар предмет. Се сомнева дека несреќната жена ја избоде синот М.К.(20) по расправија.

Како што објави српски „Информер“, утринава еден час по полноќ во стан во Нови Сад е пронајдено телото на убиената жена.

– Во станот се пронајдени синот и мајката, која не давала знаци на живот. На нејзиното тело имало повеќе убодни рани, за кои постои сомневање дека и биле нанесени со нож. Полицијата веднаш го привела младиот човек, а телото на жената е пренесено на обдукција – изјави извор запознаен со случајот.

Според претходно објавените информации, постои сомневање дека мајката и синот жестоко се расправале, па тој земал нож и ја избодел до смрт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ученици го блокираа сообраќајот во Нови Сад, маж излезе од автомобил и ги нападна

Горан Наумовски

Оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад

Горан Наумовски

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Објавена е преостанатата документација поврзана со несреќата на железничката станица во Нови Сад

А1он