Златна треска во Босна и Херцеговина – пронајдени рекордни количини на злато и сребро во близина на Сараево

Од:

Златна треска ја тресе Вареш. Станува збор за општина во близина на Сараево (БиХ), каде според странските медиуми, се пронајдени рекордни количини на злато и сребро.

Компанијата „Адриатик металс“ продолжила со истражувањето на благородните метали во Вареш и дошла до најдобри резултати досега, објави австралискиот весник The West Australian.

Според весникот, последните резултати на пресек од 24 метри покажуваат 8,6 грама злато по тон и 332 грама сребро на тон. Притоа се додава дека на пресек од 42 метри се пронајдени 14,1 отсто цинк, 8,4 проценти олово, 5,7 грама на тон злато и 245 грама на тон сребро и бакар 1,4 проценти.

-Ова се најдобри резултати на компанијата досега во БиХ со драматични ефекти и ја покажувааат перспективата на скапоцените, пишува овој весник.

Вредноста на акциите на оваа компанија се зголеми повеќе од трипати откако се приклучи на австриската берза пред шест месеци, а вкупната пазарна вредност на компанијата денес изнесува 82 милиони долари.

Шефот на општина Вареш, Здравко Марошевиќ, изјави дека компанијата инвестирала 20 милиони марки во овогодинешното истражување на рудата во Вареш.

Би можело да ве интересира

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар