Златен часовник и вазна од Мао Це Тунг украдени од домот на Јованка Броз

Од:

Златна гривна, во која бил вграден часовник со ликот на Јосип Броз Тито, изработена од познатиот хрватски јувелир Теодор Кривак од Загреб, како и вазна, која некогашниот кинески лидер Мао Це Тунг и ја подарил на сопругата на Тито, Јованка Броз како свадбен подарок, се наоѓаат на списокот на украдените скапоцени предмети од вилата на Дедиње во Белград, пишува весникот „Политика“.

Вилата, во која живее Јованка Броз, беше ограбена на 17. февруари, но дури на 23. февруари таа забележала дека и недостасуваат златната гривна со часовник и вазната.

За тоа се уште не била информирана полицијата, па имајќи го предвид тоа, таа се прашува од каде некои медиуми имаат податоци за укрaдените предмети, чие исчезнување не е пријавено, вели нејзината адвокатка Бојана Павловиќ-Сариќ.

Јованка Броз во интервју за весникот „Вечерње новости“ вели дека не ја ограбиле обични крадци, туку луѓе кои знаеле што бараат.

Таа за весникот раскажа дека оваа кражба не е прва во текот на нејзиниот „времен престој“ во вилата, каде живее повеќе од 30 години, откако „со пиштол на вратот ја избркале од куќата во која живеела со Тито“. Во интервјуто Јованка нагласува дека бил украден и пишан документ со разговор со некои важни личности.

– Оние кои ме тероризираат од смртта на Тито, прават се вистината за нивниот криминал да не се дознае, додава таа.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ