Жителите на Србија годишно добиваат 2,6 милијарди евра од роднини и пријатели од странство

Од:

Српските граѓани во 2014 година вкупно добиле околу 2,6 милијарди евра од роднини и пријатели што живеат и работат во странство, а се проценува дека околу 800.000 луѓе во Србија добиваат парична помош од дијаспората, покажуваат податоците на Светска банка.

Во просек секое семејство 15 проценти од својата потрошувачка ја базира на средства од странство, а во однос на уплатените 2,6 милијарди евра од минатата година, во првата половина на годинава е забележан раст од 12 отсто, што според експертите се должи на позитивното заздравување на светската економија.

Статистички, секој жител на Србија добива тринаесетта плата, но не од работодавците, туку од член на семејството во странство, покажуваат податоците на Светска банка, јавува Радио-телевизија Србија.

Секој жител на Србија во просек од странство годишно добива околу 400 евра, што српската дијаспора ја рангира меѓу најдарежливите 20 во светот.

Околу две третини од парите пристигнуваат од Германија, Австрија, Швајцарија и Франција, службено преку банки, а се проценува дека неофицијално од рака на рака пристигнува уште половина од тој износ.

Според експертот на Светска банка Лазар Шестовиќ, овие средства се користат за дневна потрошувачка и плаќање на сметки.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ