Зголемено нивото на реките во европскиот дел на Турција

Од:

Поројните дождови што последниве денови го зафатија европскиот дел на Турција доведоа до зголемување на нивоата на водите во реките Марица, Тунџа и Арда, соопшти раководителот на Региоанлната дирекција за води во градот Едрене, Јунус Алтан.

Според него, водстојот на Марица во последниве 24 часа бил двојно зголемен, но засега нема опасност од нејзино излевање од коритото.

Алстан нагласи дека вчера измерениот проток на Марица бил 452 метри во секунда, додека критичното ниво за излевање изнесува 700 метри во секунда.

Протокот, пак, на Арда вчера во еден момент достигнал 214 метри во секунда, но подоцна се стабилизирал на 200 метри, што е под нивото за опсаност од поплави.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ