Зајакнати се мерките за безбедност во базата Инџирлик во Турција, која се користи за потребите на меѓународната операција против Исламска држава во Сирија, соопшти германското Министерство за одбрана.
Станува збор за планови за зголемување на готовноста, спроведени во вид на мерки за претпалзивост, со цел заштита на личниот состав, изјави претставник на Министерството, јави ТАСС.
Базата Инџирлик се наоѓа во близина на сириската граница. Во неа се стационирани 240 германски војници, кои учествуваат во воените операции против ИД.
Во меѓувреме генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите единици и кадри на НАТО во Турција се безбедни по обидот за воен удар.
Столтенберг нагласи дека за тоа добил уверување од главниот командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Кртис Скапароти.