Зголемен бројот на конфликти во светот во минатата година

Од:

Бројот на конфликти и кризи ширум светот минатата година е зголемен за девет, се вели во извештај на Конфликт барометар, на Институт за истражување конфликти од Хајделберг кој Балканот го прикажува како „воглавно изгаснато кризно жариште“.

Според барометарот за Европа, најлоша оценка односно ознака конфликт со интензитет 4 добила кризата Русија-Кавказ додека кога е Балканот во прашање, интензитетот 3 (криза со насилства) оценети се кризите Србија – Косово и Македонија со албанското малцинство.

Кога станува збор за конфликтот Србија-Косово аналитичарите оцениле дека тој стагнира, додека за македонската криза со албанското малцинство – тенденцијата расте.

Според рангирањето на институтот од Хајделберг, конфликт со интензитет 1 значи обична расправа или расправа во парламент, интензитет 2 – ненасилна криза, интензитет 3 – криза со насилства и интензитет 4 – спорадични судири. Интензитет 5 означува – војна.

По кризата на Кавказ, германскиот институт како „најтешки“ кризи во Европа со интензитет 3, го наведува конфликтот на Русија со опозицијата, кризата меѓу Велика Британија и Северна ирска, но и Романија со опозицијата.

Лани институтот избројал 399 конфликти ширум светот, за 9 повеќе од 2011 година – од тоа 8 војни, 25 ограничени војни, 43 поголеми насилни конфликти и 165 насилни кризи.

Бројот на конфликти во Европа останал непроменет во однос на 2011 година на 58, и најголем дел се оквалификувани како ненасилни судири што се водат пред се за нерешени конфликти, барања за автономија и обиди за сецесија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ