Зголемен број случаи на Ковид-19 во Грција, намален бројот на починати

Од:

За една седмица во Грција се регистрирани 54.649 случаи на Ковид-19, а починаа 85 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 26 септември до 2 октомври 2022 година има зголемување за 22 отсто на заразените во споредба со една седмица претходно, додека пак смртните случаи се намалиле за 15 проценти.

Од новите случаи, 25 отсто се реинфеции, а биле направени 695.904 тестови, со стапка на позитивност 7,85 проценти, наспроти 6,77 отсто една седмица претходно.

Паралелно зголемен е бројот и на пациенти примени во грчките болници, 1.073 лица, што е за 31 процент повеќе во однос на една седмица претходно.

Отпуштени биле 858 пациенти, додека пак 66 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.975.067 случаи на Ковид-19, а починаа 33.200 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина