Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Од:

Два земјотреси со јачина од 5 и 4,9 степени беа регистрирани утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, во рамките на серијата земјотреси од изминатите најмалку три седмици, јави дописничката на МИА од Атина.

Двата земјотреси беа во период од нешто помалку од час и половина, најсилниот беше во 6.46 часот, на кој му претходеше еден од 4,5 степени, додека кусо по 8 часот утрово беше регистриран уште еден, од 4.9 степени според Рихтер.

Најсилниот земјотрес во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос беше регистриран минатиот понеделник и беше со јачина од 5,3 степени според Рихтер.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 15 февруари, биле регистрирани над 20.000 земјотреси, од кои над 17.400 биле посилни од 1 степен.

Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи и оваа седмица, трета по ред, се затворени.

Би можело да ве интересира

Санторини стравува од колапс на туристичката сезона

А1он

За само три недели дури 21.500 земјотреси, вонредната состојба во Санторини е во тек

А1он

(ВИДЕО) Нови два земјотреси меѓу Аморгос и Санторини

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нов земјотрес на Санторини, најсилен досега

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер регистриран во близина на Санторини, Мицотакис повика на смиреност

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси