Земјотреси кај Закинтос и во Црна Гора

Од:

Два земјотреси се случија во регионов во последното деноноќие, од кои едниот го потресе островот Закинтос во Грција, е другиот главниот град на Црна Гора, Подгорица.

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го затресе утрово подрачјето на крајбрежјето на Грција, во близина на островот Закинтос, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на 20,3 км југоисточно од Закинтос, на длабочина од 21,4 километри.

Засега нема податоци за евентуална материјална штета, ниту повредени, а грчките медиуми пренесуваат дека локалното население и гости се вознемирени откако ги разбудило тресење на тлото.

Грција се наоѓа на такво подрачје и земјотресите со послаб интензитет се честа појава.

Синоќа пак земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер се почуствувал во Подгорица каде нема повредени ниту материјални штети.

Сеизмолошкиот завод на Црна Гора соопштил дека епицентарот на земјотресот бил во 21.41 км северозападно од Подгорица, на длабочина од 18 километри.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот имал магнитуда од 4,2 степени.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Унгарија

Земјотрес во Бугарија

ВИДЕО: Истанбул повторно се тресе, повеќе од сто земјотреси, стотици повредени

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“