Земјотрес во Турција со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала

Од:

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Турција денеска, јавува EMSC. Земјотресот се случил во 10:38 часот по локално време (08:38 часот по македонско), а епицентарот е регистриран во морето, на 192 километри од Измир, третиот по големина турски град.

Регистриран е на длабочина од 10 километри, а земјотресот е почувствуван низ целиот турски западен брег, во Истанбул, но и на некои грчки острови во Егејското Море.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски