Земјотрес во Северна Грција

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во 16.43 часот по локално време во реонот на Уранополис, на полуостровот Халкидики во Северна Грција.

Потресот бил почувствуван во Солун и во други области на Северна Грција, предизвикувајќи вознемиреност меѓу жителите.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 90 километри југоисточно од Солун меѓу Уранополис и блискиот остров Амулиани.

Земјотресот бил проследен од послаби вторични потреси.

Нема информации за жртви и нанесени материјални штети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба