Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер регистриран во Словенија

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Словенија, а потресот е почувствуван и во северозападниот дел на Хрватска.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот се случил во 10 часот и 58 минути, а епицентарот е регистриран на 45 километри југозападно од Љубљана, со центра на жариштето на длабочина од два километри под површината на земјата.

Нема информации за повредени или предизвикана евентуална материјална штета.

Земјотрес со јачина од 4,1 степен по Рихтер е регистриран минатата ноќ и на територијата на Албанија, во близина на границата со Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор