Земјотрес на Крит, ги вознемири жителите на островот

Од:

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкa „Прототема“.

Земјотресот се случи во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, според податоците од Геодинамичкиот институт.

Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,2 степени кај Крит

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Две Македонки уапсени на Крит за продажба на гас за смеење